Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мицкоски се мајтапи со народот - задоволен бил од 0.1% намалени цени, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
05112024_Mickoski_Den-na-romskiot-jazik_1

„Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите односно од така наречената есенската кошничка со која цените се намалија за 0.1%.

— реклама —

Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, ова големо задоволство кај Мицкоски од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1% може да биде од незнаење или од неинформираност.

— реклама —

Очигледно Мицкоски не оди во маркет. Па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар.

— реклама —

Или можеби не знае дека Државниот завод за статистика, математички прецизно го пресмета ефектот на мерката од којашто тој е задоволен: 0.1% намалени цени на мало во октомври.

Можеби не знае Мицкоски дека Синдикалната кошничка се намали за само 57 денари?

Граѓаните живеат тешко и мајтапењето со нивните потешкотии се нерсериони. Наместо да ја потценува интелигенцијата на народот и да си игра мајтап Мицкоски сериозно да си ја сфати улогата и да преземе нешто за високите цени.

Прво што треба да направи е да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати и укинување на ДДВ за храна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

СДСМ: Скандалот со Дака потврда за корупција во енергетиката

Македонија | пред 1 час

media-libraryohottvfn518t6ACHff3

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев не ги негираат снимките за Дака

Македонија | пред 2 часа

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Мицкоски дојде на власт со лаги за името

Македонија | пред 2 часа

media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава!

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања