Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев не ги негираат снимките за Дака

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryohottvfn518t6ACHff3

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев ниту тогаш, ниту сега не ги негирале аудиоснимките во кои, како што велат, се слуша како бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака зборува за давање пари и имот.

Од партијата тврдат дека поврзаноста меѓу тогашната власт на СДС и Давидовиќ – Дака била позната уште во 2020 година, кога во јавноста излегоа аудиоснимки.

— реклама —

„На снимките Дака се слуша како разговара со Зоран Милески – Кичеец и вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според нив, Милески бил посредник, а во разговорите, како што тврдат, се споменува и дека средствата биле искористени за изборен инженеринг за референдумот за името.

„Тоа што остана да лебди во воздухот е што ниту Заев, ниту СДС ги негираа овие снимки, што јасно потврдува дека тие биле точни и автентични“, велат од партијата.

— реклама —

Дополнително, посочуваат дека во истите разговори се споменува и името на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, како што велат, целата тогашна власт била поврзана со Давидовиќ – Дака, поради што, според нив, ги познава неговите фирми и бизниси.

„До денес нема никакво негирање или демантирање за овој случај од СДС и Заев. Тоа што на граѓаните им станува сè појасно е дека каде има криминал и корупција, таму се СДС, Заев и Филипче“, се наведува во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања