Македонија

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.

Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на првата пленарна сесија и предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, како и средби со претставници на меѓународни организации.

Во состав на македонската државна делегација што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, се заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

На почеток