Промени тема
Контакт

Орден „8 септември” за Кедев од Сиљановска-Давкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
filkov-siljanovska-2

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Како што соопштуваат од нејзиниот Кабинет, орденот на Кедев ќе му биде доделен за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и за активното учество во развојот на македонската демократија, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни научни меѓународни асоцијации.

— реклама —
— реклама —

Натаму, велат и за уживањето посебен углед како врвен интервентен кардиолог којшто вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1 600 транс-радијални каротидни стентирања, за исклучителните образовни и научни успеси, потврдени со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Wеb of Science“, H-индекс 36 и 13 650 цитати, за продлабочувањето на меѓународната соработка како почесен конзул на Индонезија.

— реклама —

Орденот на Кедев исто така ќе му биде доделен и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина, наведуваат од Кабинетот на претседателката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 3 седмици

media-library1vjilcuthrnn5p0UpKV

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања