Промени тема
Контакт

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Vila-Vodno

Одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата ќе продолжи денеска во Вила Водно со прием на ученици кои постигнале значајни успеси на меѓународни научни натпревари.

— реклама —

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ги прими учениците од основните и средните училишта и нивните ментори кои во учебната 2025/2026 година учествувале на меѓународни научни олимпијади и натпревари. Дел од младите учесници освоија медали, награди и признанија.

— реклама —

На приемот ќе присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска, информираат од Кабинетот на претседателката.

Во рамки на програмата, со почеток во 9 часот, ќе се одржи панел-дискусија „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

— реклама —

На панелот ќе учествуваат Сиљановска-Давкова, како и поранешни политичари и државни функционери, пратеници, новинари и други јавни личности кои непосредно биле дел од или ги следеле настаните поврзани со создавањето на независната држава.

Тие ќе ги споделат своите сведоштва и видувања за политичките, институционалните и општествените процеси што доведоа до прогласувањето на независноста на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5fd9342upvoi7XfZCkp

Сиљановска-Давкова се сретна со спелеонуркачите по историскиот подвиг во пештерата Врело

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања