Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова: Словенија и Хрватска не нè оставија сами на патот кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 53 минути -

Македонија
media-librarya8le3scci1s51GqwHB5

Словенија и Хрватска не се задоволија само со споделување на сопственото искуство од членството во Европската Унија, туку понудија активно да им помогнат на земјите од регионот на нивниот европски пат, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по самитот на Процесот Брдо-Бриони во Охрид.

— реклама —

Таа упати благодарност до претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц-Мусар и Зоран Милановиќ, за поддршката и за довербата Македонија да биде домаќин на регионалниот собир.

— реклама —
— реклама —

„Словенија и Хрватска можеа да речат дека стигнале во Брисел и дека можат да нè охрабрат на нашиот пат кон Брисел. Не го сторија тоа, туку понудија заедно да патуваме, да бидат нашиот глас, да нè поддржуваат и научените лекции да ни ги презентираат. Јас никогаш нема да го заборавам ова“, изјави Сиљановска-Давкова.

— реклама —

Претседателката нагласи дека ваквата поддршка е од особено значење за земјите од Западен Балкан, кои продолжуваат да се стремат кон членство во Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library5fd9342upvoi7XfZCkp

Сиљановска-Давкова се сретна со спелеонуркачите по историскиот подвиг во пештерата Врело

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Македонија | пред 2 месеци

Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања