Промени тема
Контакт

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Создавање услови најуспешните млади инженери да го остварат својот професионален потенцијал во Македонија било во фокусот на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со добитниците на престижното признание „Инженерски прстен“.

Средбата се одржала во вилата „Билјана“ во Охрид, а присуствувале и министерот за дигитална трансформација, м-р Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов, како и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош.

Сиљановска-Давкова им го честитала признанието на младите инженери и ја истакнала важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата. Според неа, особено важно е да се создадат услови најуспешните млади кадри својот професионален пат да го градат во земјава.

Лауреатите ги претставиле своите професионални планови и ги споделиле своите видувања за состојбите во државата, со посебен акцент на високото образование. Тие укажале на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на инженерите, што би придонело кон нивно задржување во Македонија.

Во текот на разговорот било предложено унапредување на законската рамка за високото образование, особено во делот на соодветното вреднување на исклучителните резултати при изборите и вработувањата на универзитетите. Била нагласена и потребата навреме да се обезбеди нов кадровски потенцијал и да се избегне создавање генерациски јаз во академската заедница.

— реклама —

На средбата биле отворени и прашања поврзани со јавната архитектура, центрите за податоци и односот кон завршените, но сè уште неискористени проекти, како и со поставувањето фотоволтаични системи на плодно земјоделско земјиште. Било разговарано и за забрзаниот одлив на најдобрите македонски инженери и други висококвалификувани кадри во соседните земји.

Посебно внимание било посветено на перспективите на дигиталната агрономија. Инженерката од областа на агрономијата ја истакнала важноста на примената на современите дигитални технологии во земјоделството, како и можностите што оваа област ги нуди за младите и за зголемување на земјоделските приноси.

Учесниците ја нагласиле и потребата од премин и примена на европските стандарди, односно еврокодовите, во државната регулатива и македонската инженерска практика.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја претставил насоката на дигитализацијата, додека претседателот на Комората, Дејан Метикош, упатил покана за експертски настан посветен на примената на стандардите, кој ќе се одржи на крајот на септември.

Младите инженери посочиле дека се подготвени да прифатат професионални позиции во Македонија и да преземат одговорност за нејзиниот технолошки развој.

— реклама —

На крајот од средбата, претседателката предложила воспоставување база на добитниците на признанието „Инженерски прстен“, со цел подобро поврзување на успешните инженери и нивно вклучување во развојни процеси и проекти во различни инженерски области.

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

„Доколку сакаме развиена држава, мораме да им дадеме простор на младите инженери да создаваат тука“, истакнала претседателката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 3 дена

media-library1vjilcuthrnn5p0UpKV

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Македонија | пред 4 дена

media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

„35 години била жртва на насилство, заслужува староста да ја помине на слобода“, Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на Шефије Јакупи

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Познати имињата на осудениците кои ги помилува претседателката на Илинден

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања