Три лица од Турција уапсени на скопскиот аеродром, приложиле фалсификувани документи за престој
Од
Објавено на
Вчера во 17.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги привеле 30-годишниот Е.К., 29-годишниот С.К. и 32-годишниот Х.С., сите од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека истите приложиле фалсификувани словенечки дозволи за престој.
Со нив бил извршен службен разговор, по што биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.