Со 100 амандмани Левица ја блокира одлуката за продажба на општински имот во Штип
Од страна на советникот од Левица, Ангеле Михајловски, поднесени се 100 амандмани со цел „блокирање на донесување на одлука за продажба на општински имот во Штип“.
„Оваа одлука, сама по себе е скандалозна, поради фактот што објектот што е цел на продажба е објект со утврдено својство на Споменик на културата со режим од втор степен на заштита, утврден со решение број 0801-72 од 23.02.1994 година.
Поточно, на денешната 54-та седница на Советот на Општина Штип, како точка на Дневен ред е дополнување на одлуката за Продажба на недвижна ствар (деловен простор – хотел), односно споменатиот споменик на културата.
Во изминатите 3 години, локалната власт на ДПМНЕ во Штип изгласа неколку вакви одлуки за продажба на општински имот:
– објект, сопственост на ЈП Стипион;
– 2 деловни објекти, сопственост на ЈП Исар;
– објект во кругот на Домот на млади…
Поради овој крајно несериозен пристап на локалната власт во Штип, единствен начин да се застане на патот за донесувањето на вакви штетни одлуки, е примена на филибастеринг од страна на советникот Михајловски од Левица“, велат од партијата.