Скопје

Засилени активности за расчистување на улиците и булеварите по синоќешните обилни дождови

По синоќешните обилни дождови, ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава започна со реализација на засилени активности за расчистување на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини.

Во рамките на активностите се реализира рачно и машинско метење, како и отстранување на паднатите лисја, со цел – непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците по јавните и сообраќајните површини, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

На почеток