Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски на својот Фејсбук профил ја прифати понудата за дебата со премиерот Заев на Канал 5 телевизија.
„Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.
Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.
Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.
Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.
Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!“, стои во објавата.