Македонија

Во еден ден: Два грабежи на Бит Пазар, еден во Чаир

Три грабежи во еден ден. Вчера биле ограбени филијала за брзи кредити на Бит Пазар, аптека на истата локација и спортска обложувалница во Чаир

„На 23.11.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар, едно машко лице со закана со огнено оружје се обиделo да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што лицето го напуштило местото на настанот“, велат од МВР.

„На 23.11.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари. На 23.11.2024 во 19.35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, едно лице со закана од огнено оружје, од вработениот одзело пари“, велат од МВР

На почеток