Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мицкоски за шест месеци ја достигна авторитарноста за која на Груевски му требаа 10 години, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-1

„Наместо вистински реформи во судството, јавноста сведочи на закани од премиерот Мицкоски и неговата Влада. Ова е опасен преседан што открива лоша и недемократска тенденција – наместо да гради независен правосуден систем, Мицкоски се обидува да го зароби и стави под целосна партиска контрола“, рече Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додаде:

— реклама —

Ова не се реформи, туку отворен обид за уништување на демократијата и владеењето на правото. Очигледно е дека целта на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била да создаде независно правосудство. Напротив, нивната стратегија е јасна: со уцени, закани и апсења, сакаат да воспостават правосудство што ќе служи исклучиво на партиските интереси на оваа влада. Тоа е недозволиво и мора да биде осудено од целата демократска јавност. СДСМ потенцира дека секоја реформа во правосудството мора да биде спроведена исклучиво низ демократски процедури – транспарентно, објективно и задолжително поддржано од меѓународната заедница. Сè друго претставува пат кон диктатура.

— реклама —

За само шест месеци, Мицкоски успеа да ги покаже своите вистински авторитарни тенденции. Прво со заробување на безбедносните служби и масовната партизација низ институциите, потоа со обидот за целосно партизирање на Советот за граѓански контроли, а сега и преку најавата за апсења на судии и обвинители. Она што на Груевски му требаше една деценија, на Мицкоски му беше доволно шест месеци. Ова е страшно и претставува сериозна закана за демократскиот развој на Македонија. СДСМ апелира до граѓаните, меѓународната заедница и сите институции што ги почитуваат демократските вредности да не дозволат авторитарните апетити на Мицкоски да го уништат она што е градено со години. Демократијата, владеењето на правото и независноста на институциите не смеат да бидат жртва на ничии лични или партиски амбиции.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygf0d85c7s4fm2dvwgFX

Мицкоски: Пораст на извозот во февруари за отприлика 12% во евра споредено со претходната година

Македонија | пред 6 часа

media-libraryudr8irj3mfoj5anEDwN

Мицкоски: Рудата Антимон од кривопаланечкото село Луке ќе се извезува во САД

Македонија | пред 6 часа

media-libraryn3gfguhr2e2ie1jJHi2

Мицкоски и градоначалникот на Аеродром го означија почетокот на реконструкцијата на 19 улици

Скопје | пред 7 часа

media-librarymt2ts3gu9cjf42hYEQd

Мицкоски: Ќе имаме 10 модерни операциони сали, нови следуваат до лето

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања