Оштетувањето на каналот во Косово е терористички акт и закана за мирот во регионот, регира Гаши

Од
Објавено на

„Оштетувањето на каналот Ибер-Лепенец и фрлањето на граната во близина на општинската зграда во Звечан, Косово, се терористички и насилнички акти кои имаат за цел дестабилизација и закана на безбедноста и мирот во Косово и регионот“, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. и додава:
Остро ги осудуваме овие кукавички обиди за оштетување на виталната инфраструктура на снабдување и за поттикнување страв и несигурност кај граѓаните.
Силно ги поддржуваме институциите на Косово во нивната заложба за заштита на редот, безбедноста и суверенитетот на земјата“.
