Промени тема
Контакт

Гаши во официјална посета на Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
gasi-gashi-afrim

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, во периодот од 2 до 7 февруари 2026 година ќе престојува во официјална посета на Вашингтон, Д.Ц., Соединетите Американски Држави.

— реклама —

„За време на посетата, претседателот Гаши ќе учествува на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), еден од најзначајните традиционални настани во САД, како и ќе оствари низа средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни партнерски организации, со фокус на зајакнување на институционалното и политичкото партнерство.

— реклама —

Во рамки на агендата, претседателот на Собранието ќе се обрати на Форумот за безбедност во Американскиот конгрес, на кој учествуваат лидери од европските земји и претставници на Американскиот конгрес, каде што ќе се дискутира за инвестициите во областа на одбраната, регионалната безбедност и трансатлантското партнерство.

— реклама —

Исто така, претседателот Гаши ќе биде дел од панел-дискусијата на конференцијата „Balkans Forward Summit“, организирана од Атлантскиот совет.

— реклама —

Целта на посетата е продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави и унапредување на соработката во областа на демократијата, безбедноста и интеграциите“, информираат од Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

afrim-gashi

Гаши: Интеграцијата во ЕУ мора да донесе конкретни промени за граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
afrim-gashi

Ставот за пресудата на Тачи бил личен, вели Гаши

Македонија | пред 1 седмица

afrim-gashi

„Убеден сум дека нема да има предвремени парламентарни избори“, вели Гаши

Македонија | пред 2 седмици

media-library19hifrostl5p7chBud2

Гаши: Собранието ќе продолжи да поддржува политики за одржлив енергетски развој и инвестиции

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања