Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Гаши на комеморативната седница за Кочани: Песната на ДНК „Ако утре ме нема“, која до таа ноќ беше само рефрен, денес добива поинакво значење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryqt2999uslnvg27dRdCY

Комеморативната седница во Собранието по повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ започна со минута молк и обраќање на претседателот Африм Гаши. Тој потсети на 16 март и загубата на 63 млади животи, нарекувајќи ја рана за целата држава. Гаши изрази благодарност до сите што помогнале и порача дека мора да има правда, повикувајќи ги институциите да постапат правилно. Им оддаде почит на загинатите и им се обрати на родителите, нагласувајќи дека трагедијата е аларм за обнова на државата врз правда и владеење на правото.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Комеморативната седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Собранието започна со минута молк.

— реклама —

На почетокот на седницата се обрати претседателот на собранието Африм Гаши.

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка. Такво утро беше 16 март минатата година кога осамна по трагичната ноќ во Кочани. Ноќ што започна со забава, со млади што славеа, со пријателства и насмевки, а заврши со плач со рани и болка што длабоко продре во срцето на целата држава. Таа ноќ Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки, туку изгубија и дел од својата иднина. Еден неповратен дел од нашата душа таа ноќ изгоре во Кочани. Таа ноќ, заедно со животите на 63 млади луѓе, со себе ги однесе и соништата и плановите кои штотуку почнаа да се градат. Приказните што штотуку почнаа да се пишуваат, и утрешнината на многу семејства во нашата земја. Денес стојам пред вас, со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорност, затоа што да се зборува за трагедијата како што е оваа, можеби е една од најтешките задачи што можат да и припаднат на една институција или на едно лице. Дури и по една година, тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат, постојат моменти кога и да ги изберете зборовите, внимателно, тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човекот го чувствува и што го преживува. Таква е и оваа обврска за мене. Иако јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок. Особено кога си свесен дека во ваков случај ниедна реченица не е доволна за да ја исполни празнината и за да ја ублажи болката што оваа трагедија ја остави кај семејствата и во совеста на ова општество“, изјави Гаши.

Гаши изрази огромна благодарност кон сите кои помогнале и додаде дека таа помош нема да биде заборавена.

— реклама —

Според претседателот на Собранието, правда мора да има бидејќи таа може да донесе мал спокој за семејствата и општеството. Гаши ги охрабри институциите да дејствуваат правилно за да се дојде до правдата.

Меѓу оние кои ги загубивме имаше уметници кои со години ја осветлуваа сцената, имаше фудбалски ѕвезди кои постепено се издигнуваа, и којзнае колку професионалци од разни области кои требаше да не направат горди. Песната на групата ДНК „Ако утре ме нема“, која до таа ноќ беше само рефрен, денес добива поинакво значење за секој што ја слуша, затоа што за некои од оние коишто пееа, утрешниот ден никогаш повеќе не дојде, додека за другите утрето дојде но без оние кои ја пееа“, изјави Гаши.

Гаши се обрати и до родителите на загинатите.

Вашата болка е болка на целото наше општество, но и споменот на вашите најмили е дел од нас и од нашата колективна свест. Сакам моето обраќање да го завршам со истите зборови кои ги напишав во книгата на жалост, оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и општествени чинители, да се вратиме кон самите себе, кон нашата човечност и конечно да се издигнеме како феникс за повторно да ја изградиме оваа држава од почеток, но овој пат врз основа на правда, чесност, чиста совест и искреност. Трагедијата од Кочани нека биде последна трагедија во нашата земја, но и наш водич кон праведна држава со владеење на правото. Нека е вечен нивниот спомен“, изјави Гаши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gasi-gashi-afrim

Гаши во официјална посета на Вашингтон

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања