Спорт

Ѓоковиќ ќе пристигне порано во Австралија следната година: Ќе биде дел од голема хуманитарна акција пред првиот Грен слем

Заврши уште една календарска тениска година, што значи дека полека почнуваат подготовките за првиот Грен слем турнир во годината – Australian Open, кој годинава исто така се подготвува за значителен, голем настан.

Имено, како што велат од Австралија, пред самиот турнир ќе одржат неколку натпревари кои ќе имаат хуманитарен карактер, кои ќе се играат од седми до 10 јануари, што е два дена пред почетокот на турнирот, кој ќе трае од 12-ти до 26-ти јануари.

За овие хуманитарни натпревари да бидат уште поголеми, на нив ќе учествува и Новак Ѓоковиќ, кој го потврди доаѓањето. Покрај него, тука ќе бидат и Карлос Алкараз, Јаник Синер, Чинвен Женг, но и Алекс Де Минор и Алексеј Попирин.

– Четири спектакуларни вечери на хуманитарни натпревари во Род Лејвер Арената ќе претстават неверојатен состав на меѓународни ѕвезди, вклучувајќи го нашиот 10-кратен шампион Новак Ѓоковиќ, шампионот од 2024 година и светски рекет број 1 Јаник Синер, шпанската суперѕвезда Карлос Алкараз и Чинвен Женг – рече Крег. Тили.

На почеток