Охрид

Општина Охрид ги потсетува фирмите да си платат фирмарина

Општина Охрид ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21, 118/24”) и согласно одредбите во Законот за комунални такси ( сл. весник на РМ бр. 61/04 … 23/16,) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2022 година.

Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски, најдоцна до 06. 12.2024 год. Воедно, Ве информираме дека секое регистрирано лице како трговец поединц или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картица, увид во изготвените решенија по кои се задолжени и истите може да ги платат електронски преку линкот за е-даноци на официјалната веб страна на Општина Охрид (https://edanoci.ohrid.gov.mk/), велат од Општина Охрид.

Потсетуваат дека во месец септевмри и октомври годинава, Општина Охрид испрати електронски Опомени за неплатена комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица (т.е. трговци поединци и занаетчии) кои вршат дејност на територија на Општина Охрид.

Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Општина Охрид е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници. Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на банкарсктие сметки на обврзниците, додаваат од Општина Охрид.

На почеток