Соживот и солидарност, бараат верските лидери
Поглаварите на петте верски заедници кои се впишани во Уставот, утрово, во просториите на Македонската Архиепископија потпишаа заедничка изјава со која ги повикуваат верниците да го негуваат соживотот.
„Бог ни дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државните симболи на нашата Татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа“, стои во соопштението.