Православните верници денес го празнуваат Свети апостол и евангелист Матеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library97i1pe6njod33ira958

Македонската православна црква и православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесеттемина Христови ученици. Празникот е запишан со задебелена црна буква во црковниот календар и за дел од семејствата претставува семејна слава.

— реклама —

Свети Матеј се смета за заштитник на цариниците, даночниците, банкарите, сметководителите и сите професии поврзани со финансии. Тој го напишал првото Евангелие во редоследот на Новиот завет – Евангелието по Матеј – поради што го носи и титулата евангелист.

— реклама —

Пред да стане Христов ученик, Матеј бил цариник во Капернаум, во служба на Римјаните. Според преданието, по повикот на Христос тој сè напуштил и тргнал по него. По слегувањето на Светиот Дух, го ширел Евангелието во Партија, Мидија и Етиопија. Во Етиопија го ракоположил својот ученик Платон за епископ и се повлекол во осаменичка молитва во гората, каде што повторно му се јавил Господ.

— реклама —

Преданието сведочи дека токму таму ги крстил жената и синот на локален кнез, што предизвикало жесток гнев и наредба да биде уапсен. Според описите, војниците слушале глас, но не можеле да го видат светецот; вториот одред бил заслепен од небесна светлина, а самиот кнез ослепел при средбата со него. По молитвата на Матеј, кнезот прогледал телесно, но не и духовно, па наредил светецот да биде мачен. Ниту силните огнови не му наштетиле, по што Матеј се помолил и ја предал својата душа на Бога.

Тело му било ставено во оловен ковчег и фрлено во морето, но по јавување во сон, епископот Платон го пронашол и го изнел ковчегот. Впечатен од чудото, кнезот се покрстил и го зел името Матеј, а по смртта на Платон станал новиот епископ во Етиопија.

Евангелието на Матеј првично било напишано на еврејски јазик, а до денес е сочувано грчкото издание. Се верува дека светецот никогаш не јадел месо и дека се хранел исклучиво со овошје и зеленчук.

Во народната традиција постои верување дека, бидејќи Матеј бил цариник, на овој ден е добро да се подмират сите долгови, даноци и заостанати сметки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqu80f1vkbh0j2C3K6fJ

(Фото) Осветувани новите возила во МВР: едни поддржуваат, други негодуваат - но не е прв верски обред во институции...

Македонија | пред 1 месец

media-librarygi2o542feiqv4JXh7ez

Мирот почнува дома: Што се прави, а што се избегнува на Бадник

Македонија | пред 1 месец

mpc-1

МПЦ со божикно послание: Светлината Христова да ги преобрази нашите животи

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4ebnijb5ecm1uMdPZ3

Свети Јаков Персиец: Денот посветен на маченикот што се врати кон верата по горко покајание

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања