Еве како на Автобуската станица Руле Турс вршат класична кражба на патници. На нивната веб страна уредно стои напишано дека билет во еден правец на релација Скопје-Кичево чини 330ден. На шалтер ми издадоа карта од 430ден, згора на тоа кога реагирав дрско ми одговорија дека превозникот, во случајов Еуролинија, им ги налага тие цени. Отидов кај превозникот од каде ми одговорија дека нивниот билет чини 300ден + 30ден станична услуга доколку е купен од автобуска.
Аплауз за Руле и мојот последен билет купен од автобуска👏 Епа децо, качувајте се од попатните станици и разликата од 100ден донирајте ја на некој што има потреба.
Граѓани реагираат дека биле измамени од Руле Турс
Од
Објавено на