Свет

„Мислам дека ова е крајот на неговото претседателствување“, вели опозициски пратеник во Јужна Кореа

Џун Хјунг Ким, опозициски пратеник во Јужна Кореа, објасни како наредбата за вонредна состојба „целосно ја изненадила“ земјата.

„Имаше гласини, но не верувавме – навистина бев шокиран“, рече тој, објаснувајќи како веднаш се упатил кон зградата на Националното собрание.

„Полицијата ме блокираше, се борев…но конечно поминав“, додаде пратеникот.

Дури и сега, Ким рече дека не разбира зошто Јун го направи тоа.

„Беше многу импулсивно. Можеби не е во здрав ум“.

„Мислам дека ова е крајот на неговото претседателствување… прашање е како и кога ќе заврши.

На почеток