Се запали авион во Јужна Кореа, има повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-29-at-08.51.13

Патнички авион се запали во вторникот вечерта веднаш по слетувањето на аеродромот во јужнокорејскиот град Бусан.

— реклама —

Сите 169 патници и седумте членови на екипажот успеале да се евакулираат на безбедно, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Три лица се здобиле со полесни повреди, се вели во извештајот.

— реклама —

Авионот бил управуван од јужнокорејската авиокомпанија Ер Бусан.

— реклама —

Се вели дека се запалила опашката на авионот, а на фотографиите се гледа како пламен висок неколку метри пука од покривот.

Авионот полета во Бусан од Хонг Конг. Првично не беше јасно дали пожарот избувнал пред или по слетувањето.

Новата несреќа се случи еден месец по најсмртоносната несреќа во историјата на јужнокорејската авијација, кога патнички авион од нискобуџетната компанија Jeju Air удри во бетонски ѕид по слетувањето на меѓународниот аеродром Муан.

Речиси сите патници го загубија животот во несреќата на крајот на декември. Според првичните истражувања, на двата мотори на авионот се видливи траги од птици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library068s1tcf8q7jdqOkgkw

(Видео) Трамп со највисоко државно одликување пречекан во Јужна Кореја

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-27-at-09.06.57

(Видео) Објавена снимка од подметнување пожар во сеулското метро

Свет | пред 7 месеци

IMG_9161

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 лица

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-15-at-15.41.34

Уапсен јужнокорејскиот претседател: „Се предавам за да избегнам крвопролевање!“

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања