Промени тема
Контакт

(Видео) Трамп со највисоко државно одликување пречекан во Јужна Кореја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library068s1tcf8q7jdqOkgkw

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Јужна Кореја на крајот од својата азиска турнеја, за време на која ги посети Малезија и Јапонија. При пристигнувањето, беше свечено пречекан со изведба на песната „YMCA“ од воениот оркестар – мелодија која често се слуша на неговите политички собири во САД.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Миунг му ја врачи на Трамп „Големата лента на Мугунгва“ (Mugunghwa Grand Order) – највисокото државно одликување во земјата, именувано по националниот цвет на Јужна Кореја, розовиот хибискус. Со тоа, Трамп стана првиот американски претседател што ја добил оваа почест.

„Би сакал веднаш да ја ставам“, изјави Трамп при приемот на наградата во форма на огрлица, која му беше доделена како признание за неговата улога на „мировник“ на Корејскиот Полуостров.

Според канцеларијата на претседателот Ли, Јужна Кореја се надева дека оваа церемонија ќе придонесе за поповолни услови во трговските преговори со Вашингтон, особено околу американските царини воведени врз јужнокорејските производи.

— реклама —

Трамп, во обраќањето од градот Ѓеонгџу, рече дека во овој период не е планирана средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, но дека ќе се работи на смирување на тензиите меѓу двете Кореи.

„Ќе работиме интензивно со Ким Јонг Ун и со сите засегнати страни за да ги решиме проблемите, затоа што тоа е единствениот разумен пат“, изјави американскиот претседател.

— реклама —

Трамп потсети дека во минатиот мандат имал неколку директни средби со Ким Јонг Ун, но преговорите пропаднале поради забрзаниот развој на севернокорејската нуклеарна програма.

Иако најави дека е подготвен повторно да се сретне со севернокорејскиот лидер за време на посетата, Пјонгјанг не одговори на поканата, јави France Presse. „Го познавам Ким Јонг Ун многу добро... едноставно не успеавме да го најдеме вистинскиот момент“, додаде Трамп.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп откри воена намена за големиот триумфален лак кај Арлингтон

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Белата куќа почна да им го ограничува пристапот на новинарите на CNN, MS NOW и Politico

Свет | пред 1 ден

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

(Видео) Руски олигарх близок до Путин платил дел од свадбата на синот на Трамп, тој вели: „Му ги вратил парите“

Свет | пред 1 ден

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

САД ќе развиваат воено присуство на Гренланд, Трамп тврди дека е постигнат „историски договор“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања