Свет

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Калифорнија, оставајќи илјадници луѓе без струја: Предупредувањето за цунами е откажано

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Северна Калифорнија и брегот на округот Хумболт околу 10:44 часот по локално време во четвртокот.

Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри југозападно од Еурека, Калифорнија, во Тихиот Океан, објави Американскиот геолошки институт (USGS). Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6,7 степени, но таа информација набрзо била променета.

Беа забележани и неколку последователни потреси – во близина на градот Коб во округот Лејк неколку минути по првиот земјотрес, се случи вториот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Останатите варираат по магнитуда помеѓу 2,5 и 4,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти USGS. Еден жител на Еурека, Џон Вригли, изјави за Си-Ен-Ен дека чувствувал вибрации од земјотресот околу 30 секунди, кои на крајот станале толку слаби што чувствувал мачнина, како да е на брод.

Тој додава дека иако земјотресот не бил силен, сепак бил најдолгиот што го доживеал. Речиси цел живот живее во Еурека, а во разговорот со соседите не слушнал за некаква штета. Градскиот менаџер, исто така, изјави за Си-Ен-Ен дека не е забележана значителна штета. Тие не добиле повици за прекинати линии или структурни оштетувања.

Тој го опиша земјотресот од четвртокот како „долг“, но не толку „насилен“ како претходните, односно оние со епицентар на копно. USGS проценува дека повеќе од 1,3 милиони луѓе живееле доволно блиску до епицентарот за да го почувствуваат, а локалните медиуми објавија дека првиот земјотрес бил почувствуван дури и во Сан Франциско. УСГС издаде жолто предупредување предвидувајќи локализирана, но минимална штета.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за цунами за најмалку 5,3 милиони луѓе, покривајќи делови од бреговите на Калифорнија и Орегон. Тие потоа објавија дека веќе нема опасност од цунами. Тие им препорачуваат на жителите во близина на крајбрежјето во секој случај да бидат внимателни, но и дека „не е неопходно да се преземаат никакви мерки“.

На почеток