„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Политиките на владата на Мицкоски со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

„Политиките на владата на Мицкоски со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект и нема реално да ги намалат високите цени“, велат од СДСМ.

„На дел од производите кои се објавија во оваа кошничка во изминатите донови цените им се зголемија, особено на млечните производи. Таков простор за покачување на цените имаат трговците и наредните денови до 15 декември. Така да ако потоа се намалат на истото ниво тоа не значи повеќе пари за граѓаните, туку класична манипулација а ефектот за џебот на народот е нула.

— реклама —

„Понатаму, на граѓаните им се потребни мерки за трајно намалување на трошоците а не само на краток период.

— реклама —

Дополнитено, мерката има системски пропуст, власта нема механизам ниту за контрола ниту за казнување доколку не се почитува договореното.

— реклама —

Уште една мерка со ефект од 0,1% како претходна не е никакво решение во услови кога цените растат и понатаму, вредноста на месечните трошоци на граѓаните се зголемуваат.

На граѓаните им се потребни издржани и добро осмислени мерки кои ќе имаат вистински резултат и ќе доведат до реално намалување на цените.

Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените на производите е решението на СДСМ за укинување на ДДВ на храната.

Со укинување на ДДВ на храната најмногу добиваат граѓаните, веднаш и реално ќе се намалат цените на 250 производи.

Трговците целосно ќе ја почитуваат мерката а граѓаните реално ќе заштедат над 2.000 денари месечно.

Укинувањето на ДДВ на храната е мерка на долг рок, ќе трае и ефектите граѓаните ќе ги чувствуваат цела година што им е реално потребно“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryldmdq6ub6e0l2wzBVAE

СДСМ: Ристов е дел од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката

Македонија | пред 1 ден

zaev-filipce

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче молчат за милионски поткуп

Македонија | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче до Мицкоски: Предупредувавме, кризата сега ја плаќаат граѓаните

Македонија | пред 2 дена

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања