Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче до Мицкоски: Предупредувавме, кризата сега ја плаќаат граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната собраниска седница оцени дека мерките на Владата немаат реален ефект врз заштитата на животниот стандард и дека граѓаните веќе се соочуваат со сериозен бран на поскапувања.

— реклама —

Обраќајќи се до премиерот Христијан Мицкоски, Филипче истакна дека растот на цените бил очекуван и навремено најавуван од експерти, но дека институциите не реагирале.

„Растот на цената на нафтата ќе влијае врз сите други производи – и тоа сега се случува. Владата не реагираше навреме и денес имаме спирала на поскапувања“, рече Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците, посочувајќи дека основните прехранбени производи бележат раст од 5 до 10 проценти, додека кај овошјето и зеленчукот поскапувањата достигнуваат и до 200–300 проценти.

— реклама —

Филипче ја критикуваше и одлуката да не се прифати предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, оценувајќи дека тоа дополнително ја влошува состојбата на работниците во услови на раст на цените на горивата, кои, како што рече, се зголемени за околу 40 проценти.

Во однос на споредбите со регионот, тој посочи дека тие се нецелосни доколку не се земе предвид животниот стандард.

— реклама —

„Во Хрватска и Словенија има слични цени на горивата, но минималната плата е 1.000 до 1.500 евра. Не може да се споредуваат само цените без да се споредат и платите“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања