Уапсен 35-годишник, украл автомобил во Тетовско
Од
Објавено на
Вчера во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(35) од село Доброште.
Тој се сомничи дека одзел патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Р.В.(37) од с.Доброште, а кое беше пријавено на 03.12.2024 во Полициското одделение Теарце.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок, додека одземеното возило ќе му биде вратено на сопственикот.