Пак фатена жена во тетовско која со туристички престој, е затекната како извршува други работи
Од
Објавено на
На 07.12.2024 во период од 00.35 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Групчин извршиле акциска контрола во угостителски објект во с. Желино, каде била приведена Н.С.(26) од Украина, која го злоупотребила туристичкиот престој, односно престојувала спротивно на целта.
Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
Во изминатиот период, полицијата извести за повеќе вакви контроли во тетовско, каде жени од различни државни биле затекнати во објекти, а немале дозвола за престој или пак ја злоупотребиле.