„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Филипче: Делото на Св.Климент Охридски е аманет и патоказ кон прогрес и заедништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-sobranie3

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, упати честитика до граѓаните по повод денешниот голем државен празник Свети Климент Охридски, кој истовремено е и патронен празник на бројни државни институции и установи во државава, меѓу кои и НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје и Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

„Честит и вековит нека е денешниот празник посветен на Свети Климент Охридски, патрон на македонската култура и меѓу најзначајните личности за македонската писменост.

— реклама —

Просветителското дело на Свети Климент Охридски на македонско тло, вербата и истрајноста со коишто тој ја ширел словенската писменост, се наш аманет и патоказ дека сè е можно и дека за сè постои начин, ако се умее и ако се сака. Огромно е значењето на Климент Охридски во создавањето на првото словенско писмо. Во времиња на прогонства и осуди, успева да го основа и првиот своевиден балкански и европски универзитет, Охридската книжевна школа, речиси два века пред првите официјални универзитети во Европа.Токму поради мисијата со којашто духовно и културно ги обединува народите во Европа, завзема посебно место и во европскиот цивилизациски развој.Да се има ваква личност во македонската историја е чест и обврска. Ние ја продолживме светиклиментовата мисија и денес македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН. Но, секое време има потреба од идејност и решителност и правецот за сите се прогресот и заедништвото“, стои во честитиката на Филипче.

— реклама —

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,по повод денешиот празник упати честитка и до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, чиј патрон е Свети Климент Охридски, како прв словенски епископ на просторите на Југоисточна Европа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryldmdq6ub6e0l2wzBVAE

СДСМ: Ристов е дел од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката

Македонија | пред 1 ден

zaev-filipce

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче молчат за милионски поткуп

Македонија | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче до Мицкоски: Предупредувавме, кризата сега ја плаќаат граѓаните

Македонија | пред 2 дена

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања