Магазин

Почина Милена Дравиќ

Ноќеска во Белград на 79 година од животот, почина легендарната српска и југословенска глумица Милена Дравиќ, после долга и тешка болест.

Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.

Има одиграно дваесетина театарски улоги во претстави од различни продукции, а некои од нив се повеќе пати наградувани и играни по повеќе од 15 години. Според некои податоци таа има глумено во 150 филмски или телевизиски улоги.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа во брак четири и пол децении  и беа еден од најомилените глумечки парови на просторите на поранешна Југославија. Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток