Коментари

Две пораки од ставањето на Груби и судијата на „црна листа“: „Дечки ве знаеме што сте правеле, македонски судови што треба за да работите?“

Се повеќе реакции откако ексвицепремиерот Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети, се најдоа на т.н. „црна листа“ на САД, каде веќе е ставен ексфункционерот Сашо Мијалков. Повеќемината сметаат дека домашните институции треба најитно да реагираат.

„Според сите правила, „црнава тројка“, уште вечерва, да не кажам од пред три саати, требаше да биде спроведена по наредба на дежурен јавен обвинител, затоа што очигледно дека еден давал мито, друг примал мито, а трет посредувал и остварувал корист. Мислам, извинете што вака доцна ве вознемируваме вас од правосудството, ама знаете малку, нас ни е незгодно што сте многу тивки. Тука се работи за конкретен предмет – за масовното прислушување. Крај на програмата“, напиша новинарот Кристијан Ландов.

„Гледам многу политички аналфабети го минимизираат ставањето на Груби и негов судија на црната листа, па да наведеме зошто е важно. Важно е затоа што се руши деструктивниот момент на ДУИ, им се пресекува петтоколонашката и дестабилизациска акција против Македонија, им се руши и потенцијалниот наследник на Али, се руши нивниот про-европски, про-амерички наратив и монопол како недопирливи и безгрешни. Им се тргаат рацете од судството кое заедно со СДСМ се уште го контролираат и преку обвинители и судии си пуштаат луѓе да избегаат или никогаш да не одговараат. Но, најважно од се, е дека се рушат и ја губат поддршката од вечниот спонзор, Америка. Пораката не е дека само се коруптивни и криминални, што одлично го знаеме, туку дека се одвишни и непотребни повеќе, па дури и штетни. Сега и се дава ветер во грб на власта, да почне да се соочува со криминалот на оваа банда и да ги обезвласти и да им го одземе секој прилив на јавни или криминални пари. И нормално, да почне да ги апси. Има уште многу логики, но и вака е доволно.
Затоа, и тоа како е важно што Груби е на црната листа. А да, им се испраќа и порака за тоа што ги чека СДСМ и да поразмислат со кого саделе или сеуште садат тикви. Сега е до власта“, напиша новинарот Ивор Мицкоски.

„Ставањето на Црна листа од страна на САД на Груби и компанија носи две пораки. Дечки ве знаеме што сте праеле и не ришајте …. И Македонски судови, што треба да се случи за вие да почнете работите? Мммм?“, пишува „Приказни од Булеварот“.

„Артан Груби да се јави на главна каса“, напиша новинарката Жанета Трајковска.

На почеток