„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

СДСМ: Уставен суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува исклучиво согласно уставот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kostadinovski-ustaven-2

„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и конституционално втемелени, транспарентни и во согласност со Уставот на Република Северна Македонија без притисоци и политички влијанија“ вели СДСМ и додава:

Остро ја осудуваме политизацијата и манипулациите со чувствителни прашања, кои имаат потенцијал да ја нарушат стабилноста на државата и да го предизвикуваат соживотот.

— реклама —

Оваа пракса на поттикнување тензии, како што видовме од некои политички актери, не придонесува за решавање на проблемите, туку напротив, ги продлабочува. Одговорноста за иднината на нашата држава е заедничка, и никој нема право да го злоупотребува Законот за употреба на јазиците за теснопартиски интереси.

— реклама —

Затоа сме со став, дека секоја измена во Законот за употреба на јазиците мора да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија. СДСМ, имено, стои на ставот дека сите законски решенија мора да бидат јасни, применливи и во согласност со европските стандарди, но и во духот на мултикултурата во Република Северна Македонија и Охридскиот Рамковен договор.

— реклама —

СДСМ ќе продолжи да се залага за мултикултурно, европско и демократско општество, во кое правата на сите граѓани ќе бидат максимално заштитени, а законите ќе се спроведуваат во согласност со највисоките правни и демократски стандарди.

Ги повикуваме сите политички партии да бидат конструктивни во овој процес, со цел да се одржи стабилноста и меѓуетничката доверба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryldmdq6ub6e0l2wzBVAE

СДСМ: Ристов е дел од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката

Македонија | пред 2 дена

zaev-filipce

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче молчат за милионски поткуп

Македонија | пред 2 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче до Мицкоски: Предупредувавме, кризата сега ја плаќаат граѓаните

Македонија | пред 2 дена

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања