„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Цените на намирниците уриваат рекорди, а Мицкоски не храни со лаги, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

„Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, според Државниот завод за статистика. Оваа бројка не е само статистика, туку директен удар врз секој граѓанин, врз секој семеен буџет. Цените растат, трпезите се празнат пред празниците – дали ова е добрата иднина што ни ја ветуваа?“, вели СДСМ и додава:

Секој ден сè потешко се живее, потешко се пазари и граѓаните се се посиромашни. Наместо да работи за граѓаните и нивните интереси, Владата на Мицкоски ги штити трговците. Секој од нас ја плаќа нивната неспособност – дали сме должни да се откажеме од пристоен живот за време на празниците заради нивните тесно партиски интереси и неспособност?

— реклама —

Новогодишната „кошничка“, која ја најавуваат, е само уште една манипулација за да го одвлечат вниманието. Исто како „есенската кошничка“, која наместо поевтини производи донесе само разочарување. Владата нè храни со лаги, а цените само растат!

— реклама —

Додека цените растат, платите стојат. Животот станува луксуз за обичниот човек. Ова не е грижата што народот ја заслужува.

— реклама —

СДСМ уште еднаш повикува на итно преземање на мерки што ќе го олеснат животот на граѓаните. Итно прифаќање на предлозите кои ги даде СДСМ кои докажано функционираат и ќе ги намалат вистински цените. Доста е од лаги и манипулации кои граѓаните сами ги препознаваат во маркетите. Секоја лоша политика на Мицкоски удира директно по џебто на граѓаните.

Граѓаните заслужуваат сигурност, стабилност и реални решенија – не празни ветувања и трикови.Време е Владата конечно да работи за граѓаните. Во спротивно, оваа зима ќе остане запаметена како периодот кога народот скапо ја плати туѓата неспособност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryldmdq6ub6e0l2wzBVAE

СДСМ: Ристов е дел од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката

Македонија | пред 1 ден

zaev-filipce

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче молчат за милионски поткуп

Македонија | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче до Мицкоски: Предупредувавме, кризата сега ја плаќаат граѓаните

Македонија | пред 2 дена

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања