„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

(Видео) Власта одби 100 денари линерана субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите, вели Талески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
MIleTaleskiSDSM

„Власта на Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите и ги оставија на цедило. Иако ветуваа повисоки откупни цени, тутунот сега се откупува по делеку помали цени.

Откупните цени на тутунот оваа година се пониски од ланските. Прва класа се откупува за 375 денари, втора класа за 300 денари, трета класа – 240 денари, и дополнителна класа – 115 денари. Овие цени се многу пониски од лани и не ги покриваат зголемените производствени трошоци на тутунарите“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

„Токму затоа пратеничката група на СДСМ достави законско решение за 100 денари линеарна субвенција за тутунарите за сите класи.

— реклама —

Без око да им трепне, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието го одбија ова Законско решение и застанаа протиав тутунарите.

Во време на владата на СДСМ, тутунарите добиваа многу повеќе.

Благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, без одбитоци, цените лани достигнуваа и над 500 денари за килограм тутун – историски највисоки откупни цени на тутунот.

Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги излажаа и ги изневерија тутунарите.

Иако кога беа во опозиција, ветуваа дека откупната цена на тутунот по килограм кога ДПМНЕ ќе биде власт ќе биде 600 денари.

Ниту има 600 денари откупна цена, ниту пак прифатија предлог да им се даде уште 100 денари по килограм.

Оваа година тутунарите имаат помала откупна цена како резултат на погрешните политики на ДПМНЕ.

Откупните цени на тутунот паѓаат, повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун оваа година ќе имаат помалку пари во семејниот буџет.

СДСМ останува на страната на тутунарите и ќе продолжиме и понатаму да се бориме за нив и да се спротивставуваме на погрешните политики на ДПМНЕ“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryldmdq6ub6e0l2wzBVAE

СДСМ: Ристов е дел од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката

Македонија | пред 2 дена

zaev-filipce

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче молчат за милионски поткуп

Македонија | пред 2 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче до Мицкоски: Предупредувавме, кризата сега ја плаќаат граѓаните

Македонија | пред 2 дена

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања