(Видео) Полицијата ги нападнала демонстрантите во Нови Сад: „Бидете луѓе и застанете со народот“
Бројни граѓани ги поддржаа студентите и протестите кои со денови траат во Србија, а незадоволството на граѓаните кулминираше по уривањето на настрешницата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица.
По синоќешниот протест во Белград, новосадската опозиција денеска во 7 часот и 30 минути почна да го блокира Нови Сад.
Тие вчера побараа средба со градоначалникот Горан Радоњиќ, барајќи одговор кој го претепа пензионерот Илија Костиќ при блокадата на судот и обвинителството на 21 ноември. Бараната средба не се одржа, а денеска полицијата во кордон ги чува влезовите, а за неполни два часа се случија неколку инциденти, пишува Нова.рс.
RTS 🤣 pic.twitter.com/gFHjoMxKbY
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) December 12, 2024
Една од водечките опозициски политичари Мариника Тепиќ вели дека се врши притисок врз помладите полицајци да преземат одговорност за претепувањето на пензионерот Костиќ.
– Мислевме дека ќе им проработи совеста и дека ова не е полиција на мафијата и СНС, но тоа не се случи. Знаеме дека пет полицајци беа присутни кога го осакатија Илија Костиќ и знаеме дека се обидуваат да извршат притисок врз тројцата млади полицајци да преземат одговорност“, рече Тепиќ.
Таа додаде и дека Радоњиќ не смее да дојде меѓу граѓаните.
Blokiran i u 2 ulaz pic.twitter.com/AxU5T098sQ
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) December 12, 2024