„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Ново судење за убиството на Вања и Панче: три лица треба да бидат сослушани, клучнот е недостапен за органите на прогнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sudenje-vanja-pance-6134

Последните тројца сведоци кои треба да се испитуваат за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски треба денеска да дојдат во Кривичниот суд. Судот и обвинетите ќе ги испитуваат лицата Елвис Ибрахими и Тодорче Георгиевски, а ќе се чита исказот и на еден од клучните сведоци за вмешаноста на таткото Александар Ѓорчевски, лицето Гоце Трајковски кој истовремено е и обвинет во постапка за палење на кафуле во кисела Вода.

По испитувањето на сведоците, ќе се започне со презентација на материјалните докази. Ќе се гледаат снимки, ќе се презентираат траги, ќе се прикаже обдукцијата на Вања и Панче, како и начинот на настанување на смртта. Пред судиите ќе се изведат и листинзи, најдени траги, ДНК анализите. Сето ова се очекува да биде на веќе следното рочиште закажано за на 20. декември.

— реклама —

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

— реклама —

Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.

— реклама —

Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

palevski-obvineti-vanja

Случајот за Вања и Панче пред Апелација: Обвинетите бараат укинување на пресудата

Македонија | пред 2 дена

bore-videvski-5

Осудениот за убиството на Вања е во болница, адвокатот смета дека е во живото-загрозувачка состојба: Живее со дониран бубрег кој работи 20%

Македонија | пред 3 дена

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Македонија | пред 2 месеци

kesisov

Кешишев да се ослободи од соизвршителската улога за убиствата на Вања и Панче или предметот пак да се суди, бара адвокатот Ефремов

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања