„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кешишев да се ослободи од соизвршителската улога за убиствата на Вања и Панче или предметот пак да се суди, бара адвокатот Ефремов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
kesisov

Адвокатот Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев, за „Скопје1“ објаснува дека во законски предвидениот рок е поднесена жалба на првостепената пресуда со која неговиот клиент е осуден на доживотна казна затвор за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

— реклама —

Според Ефремов, во жалбените наводи одбраната бара предметот да биде вратен на повторно одлучување или Кешишев да биде ослободен од соизвршителската улога во убиствата. Тој потенцира дека дејствијата кои самиот Кешишев ги опишал во својата одбрана не можат правно да се квалификуваат како дејствија на соизвршител во кривичните дела за кои е првостепено осуден.

„Во жалбените наводи бараме предметот да се врати на повторно одлучување или да се ослободи од соизвршителската улога на убиствата, и особено да се имаат во предвид дејствијата опишани од страна на обвинетиот Кешишев, којшто дејствија не може да бидат земени како дејствија на соизвршител во убиствата за кои е првостепено осуден“, вели Ефремов.

— реклама —

Одбраната, меѓу другото, побарала и одржување јавна седница пред Апелациониот суд, на која ќе може детално да ги образложи жалбените аргументи и да укаже на, како што наведуваат, суштинските пропусти во пресудата.

„Сметаме дека судот неправилно ја донесе одлуката во делот што се однесува на обвинетиот Кешишев, а со тоа и во однос на изречената казна. Очекуваме Апелациониот суд да ја согледа оваа состојба и да донесе правилна и законита одлука“, изјави Ефремов.

Жалбата сега е во надлежност на Апелациониот суд, кој треба да одлучи дали ќе ја потврди, укине или ќе ја преиначи првостепената пресуда.

Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишо јавно обвинителство Скопје.

Во првостепената пресуда, судијата Ивица Стефановски на Палевски и на останатите обвинети – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете свирепи убиства.

Во истиот предмет, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, беше ослободен од обвинението, но Јавното обвинителство на таа одлука веќе поднесе жалба до Апелациониот суд.

Скопска Апелација во наредниот период треба да закаже јавна седница, по која ќе одлучува дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укине и ќе наложи повторно судење или ќе донесе поинаква одлука.

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат или предметот пак да се суди: Пресудата е расказ

Љупчо Палевски – Палчо, осуден на доживотна казна затвор за грабнување и две свирепи убиства, преку својот бранител поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје, со која бара да биде ослободен од вина или предметот да се врати на повторно судење.Жалбата до скопска Апелација ја поднел неговиот адвокат Јовица Страшевски, кој во изјава за „Скопје1“ наведува дека во првостепената постапка биле сторени сериозни процесни пропусти.„Имаме најдено доста суштествени повреди во постапката. Дел од доказите воопшто не се изведени на суд, а се наведени во пресудата. Има случаи каде што доказ се побива со исказ на обвинет, а исказ на обвинет не може да биде доказ. Побаравме јавна седница, каде што дополнително ќе ги образложиме наодите, бидејќи рокот за жалба беше кус. Бараме или повторно судење, или ослободителна пресуда“, истакна Страшевски.Според одбраната, доказите содржани во пресудата претставуваат „расказ“, со значајни несогласувања, особено во делот на временските рамки, што, како што најавуваат, ќе биде детално елаборирано на јавната седница пред Апелациониот суд.Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишо јавно обвинителство Скопје.Во првостепената пресуда, судијата Ивица Стефановски на Палевски и на останатите обвинети – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете свирепи убиства.Во истиот предмет, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, беше ослободен од обвинението, но Јавното обвинителство на таа одлука веќе поднесе жалба до Апелациониот суд.Скопска Апелација во наредниот период треба да закаже јавна седница, по која ќе одлучува дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укине и ќе наложи повторно судење или ќе донесе поинаква одлука.

Македонија | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат или предметот пак да се суди: Пресудата е расказ

Македонија | пред 2 седмици

vanja-tatko-tufegdzik

Со кои аргументи Туфегџиќ го брани таткото на Вања пред Апелација: Тој е жртва во целиот трагичен настан

Македонија | пред 1 месец

Vanja-1

Две години по убиството на Вања: Македонија и понатаму трага по одговори

Македонија | пред 1 месец

obvineti-vanja

Дел од осудените за убиствата на Вања и Панче „пропеале“ за пиштолот и осомничениот Зоран Д., два месеци се собираат докази

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања