Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат или предметот пак да се суди: Пресудата е расказ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски – Палчо, осуден на доживотна казна затвор за грабнување и две свирепи убиства, преку својот бранител поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје, со која бара да биде ослободен од вина или предметот да се врати на повторно судење.

— реклама —

Жалбата до скопска Апелација ја поднел неговиот адвокат Јовица Страшевски, кој во изјава за „Скопје1“ наведува дека во првостепената постапка биле сторени сериозни процесни пропусти.

— реклама —

„Имаме најдено доста суштествени повреди во постапката. Дел од доказите воопшто не се изведени на суд, а се наведени во пресудата. Има случаи каде што доказ се побива со исказ на обвинет, а исказ на обвинет не може да биде доказ. Побаравме јавна седница, каде што дополнително ќе ги образложиме наодите, бидејќи рокот за жалба беше кус. Бараме или повторно судење, или ослободителна пресуда“, истакна Страшевски.

— реклама —

Според одбраната, доказите содржани во пресудата претставуваат „расказ“, со значајни несогласувања, особено во делот на временските рамки, што, како што најавуваат, ќе биде детално елаборирано на јавната седница пред Апелациониот суд.

Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишо јавно обвинителство Скопје.

Во првостепената пресуда, судијата Ивица Стефановски на Палевски и на останатите обвинети – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете свирепи убиства.

Во истиот предмет, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, беше ослободен од обвинението, но Јавното обвинителство на таа одлука веќе поднесе жалба до Апелациониот суд.

Скопска Апелација во наредниот период треба да закаже јавна седница, по која ќе одлучува дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укине и ќе наложи повторно судење или ќе донесе поинаква одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Македонија | пред 6 дена

media-librarykgu5elnmkf66cyXeQ4l

Судијка под истрага, „Скопје1“ под закана: Кој го напиша вториот записник за случајот „Телеком“?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjb22uj89fjatf4Fi7Fb

За Ѓоко Ристов засега не се бара притвор, а има и имунитет оти е судија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

МВР со детали за претресот кај родителите на судијата, каде открија пари соѕидани во ѕид

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања