Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски – Палчо, кој првостепено е осуден на доживотна казна затвор за грабнувањето и свирепите убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, поднел претставка до Судскиот совет, жалејќи се на, како што навел, тоа што судијата Ивица Стефановски, предолго ја пишувал писмената пресуда, која сега е во рацете на Апелација.

— реклама —

Претставката на Палевски се најде на дневен ред на денешната седница на Судскиот совет, но по разгледувањето, членовите ја отфрлија како неоснована. Во неа, осудениот изразил незадоволство и од постапувањето на судијата Ивица Стефановски.

Судијата Стефановски, пак, доставил писмено изјаснување до Судскиот совет во кое навел дека станува збор за исклучително сложен предмет, со обемен доказен материјал, бројни сведоци и повеќе обвинети, но и дека имал проблеми со здравјето па отсуствувал од работа.

— реклама —

Паралелно со оваа постапка, Палевски по изрекувањето на доживотната казна затвор поднесе и жалба до Апелациониот суд во Скопје, со која бара да биде ослободен од вина или предметот да се врати на повторно судење. Жалбата ја поднел неговиот бранител, адвокатот Јовица Страшевски, кој во јавноста тврдеше дека во првостепената постапка биле направени сериозни процесни пропусти.

Според одбраната, дел од доказите наведени во пресудата воопшто не биле изведени на главната расправа, а на одредени места, како што тврдат, судот се повикал на искази на обвинети како доказ, што, според нив, е правно недозволиво. Адвокатот најави дека на јавна седница пред Апелациониот суд детално ќе ги образложат овие наводи, особено несогласувањата во временските рамки и логичките противречности во пресудата.

Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишото јавно обвинителство Скопје. Жалба на првостепената пресуда поднесе и Јавното обвинителство, но во делот што се однесува на ослободителната одлука за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од обвинението за помагање при грабнувањето.

Во првостепената пресуда, судот на Палевски и на Манев, Видевски и Кешишев им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете убиства. Иако пресудата беше донесена, мотивите за злосторствата што ја потресоа јавноста во 2023 година и понатаму не се целосно разјаснети.

Се очекува Апелациониот суд во наредниот период да закаже јавна седница, по која ќе одлучи дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укине и ќе наложи повторно судење или ќе донесе поинаква одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат или предметот пак да се суди: Пресудата е расказ

Македонија | пред 2 месеци

emiisija-nasilnici.02_31_41_07.Still002

Палевски опоменат дека ќе го отстранат од судница оти не го почитува редот, Обвинителството се противи на новите докази доставени од Ѓорчевски

Македонија | пред 9 месеци

vanja-palco

Палевски одговори на прашањето: Си правите ли алиби со плаќањето во банката денот кога е Вања убиена?

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2023-12-03-at-23.53.25

„Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од Жежовски“, рече Палевски по тврдењето дека тој ја сликал убиената Вања

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања