🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Можност за изнајмување електрични автомобили во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
13082022_mf_me_dtirz_ego_8-1024x683-1

Од март наредната година ќе почне да се применува услугата за споделување електрични возила откако денеска беше потпишано писмо за намери за поддршка на проектот на словенечката приватна компанија „Авант кар“. Писмото за поддршка го потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

— реклама —

За користење на услугата ќе биде потребно инсталирање мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно возило. За изнајмување на електрично возило ќе се плаќа по минута и изминат километар, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка.

Тест-фазата од проектот ќе почне во февруари следната година кога ќе се знае и колку ќе чини изнајмувањето.

— реклама —

Според сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер, изнајмувањето е поевтино од користењето такси-услуга и во просек ќе биде од три до шест евра, а од центарот на градот до скопскиот аеродром ќе чини од 10 до 15 евра.

Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот-општини каде што ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

toyota

Тојота најави електричен автомобил сличен на Тесла: Сакаат да се вратат на кинескиот пазар

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Електричните автомобили наскоро поевтини од автомобилите на бензин и дизел

Магазин | пред 1 година

FaEqLZ9XoAYRrAD

„Ќе правеле електрични возила, а струја не плаќаат“, „Ојдоја у неповрат 130 милиони евра за ДУИ“, граѓаните револтирани за фабриката во Тетово

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања