Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Исмаил: ДКСК ја урива довербата - постои корупција кај антикорупционерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ismail

На седницата за пратенички прашања, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, упати критики до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за неактивноста и потфрлањето на институцијата, особено, во случајот со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ.

- Како може ДКСК да тврди дека Христовски не е партиски кадар, кога неговите јавни активности и поддршката за владејачката партија се очигледни? Згора на тоа, неговата диплома е од универзитет со спорна репутација, во сопственост на поранешен градоначалник од истата партија - посочи Исмаил.

— реклама —

Пратеникот од Левица додаде дека назначувањето на Христовски за директор на АНБ било контроверзно по многу основи.

— реклама —

- Значи, почнувајќи од неговата диплома која е прибавена од приватен универзитет каде што се штанцаат дипломи, каде што во програма од четири години се добива диплома за една година, до уште еден поскандалозен момент, а тоа е што тој универзитет е во сопственост на поранешен градоначалник на истата партија, која сега Бојан Христовски го назначува за директор на АНБ - рече потпретседателот на Левица.

— реклама —

Исмаил ја осуди и одлуката на Комисијата да го предаде на истражување предметот за Христовски на член на Комисијата кој има деловни врски со истиот универзитет.

- Да биде уште понелогична ситуацијата, вие назначувате член од вашата комисија да го истражи овој случај за неговата диплома во Универзитетот каде што тој ист член има деловна врска со истиот универзитет - додаде Исмаил.

Пратеникот од Левица потенцираше дека ваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Левица: ТЦ „Охриц“ тапка во место со „Кончар“, а ДПМНЕ им даде нов милионски тендер за далекувод

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Партизација и притисоци во Министерството за земјоделство

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања