„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Обвинителство му одговори на Тошковски: До нас нема известување дека Ковачевски е недостапен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Vasko-Kovachevski

Институциите си ја префрлаат одговорноста и јавно се препукуваат во врска со екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

— реклама —

По изјавата на министерот Панче Тошковски дека вчудоневиден дека обвинителството не побарало притвор за Ковачевски, од обвинителство одговорија преку соопштение на нивниот сајт.

„Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за обезбедување против едно осомничено лице во предметот “Адитив”, обвинителството појаснува дека МВР вчера (26.12.2024 година) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување за постапување по сите 77 наредби за претрес издадени од Основниот кривичен суд – Скопје во кое, во точката што се однесува на наведениот осомничен е наведено дека тој во моментот на претресот не бил пронајден на домашната адреса и не бил забележан подолг период од страна на соседите.

— реклама —

Законот за кривична постапка е јасен и дециден во вакви случаи – МВР треба најпрво да го извести судот кој ќе побара од полицијата да ја утврди достапноста на лицето. Доколку притоа се утврди дека лицето е недостапно, судот известувањето на МВР ќе го достави на запознавање во случајов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ќе побара обвинителството да се произнесе во однос на предлогот за определување на мерките на обезбедување.

До денес, Основниот кривичен суд – Скопје нема доставено ваков документ до обвинителството и предметните обвинители не можат прескокнувајќи постапки и институции да носат предлози или одлуки надвор од нивните законски овластувања. Во моментот кога ОЈОГОКК ќе добие известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување”, одговорија од Обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vasko-kovacevski

За криминали во ЕСМ ќе одговараат 31 лице и 5 фирми, меѓу нив и Васко Ковачевски

Македонија | пред 9 месеци

vasko-kovacevski

Потерница и 8 дена притвор за Васко Ковачевски

Македонија | пред 11 месец

vasko-meri-kovacevski-696x364-1

Бившата до Васко Ковачевски по најавената оставка поради децата: Ти одамна го напушти семејството, филмови рекламирај на друго место!

Коментари | пред 2 години

Vasko-Kovachevski

Додека државата е во енергетска криза, директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски месечно заработува над 1.700 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања