Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Мицкоски: Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library3hu13jd2rgs6cdWXJAz

Мицкоски вели дека нема што да додаде за темата со Груевски и нагласува дека мора да има еднакви услови за сите и одговорност без разлика дали се сегашни или поранешни функционери. Ја критикува опозицијата дека не го повикува Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. Очекува, ако бидат опфатени и високи функционери од претходната влада на СДСМ, опозицијата да не зборува за политички прогон, туку да ги повика да одговараат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека СДСМ продолжува со тоа дека Груевски треба да одговара и пораката до опозицијата, изјави:

 „Па јас поврзано со таа тема, тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, дали некој е поранешен висок функционер и тука не треба да има никаква дилема, никој. Барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата.

— реклама —

 Но, она коешто загрижува е фактот дека од опозицијата сеуште не ја научија лекцијата. И сеуште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. И се чудам зошто во нивните прес-конференции, доколку сакаат и планираат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата.

— реклама —

 Понатаму, исто така очекувам од истата оваа опозиција да биде вака критички и да се однесува вака критички како што сега се однесува, кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони.

— реклама —

Имам чувство, не велам дека имам информации, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vasko-kovacevski

За криминали во ЕСМ ќе одговараат 31 лице и 5 фирми, меѓу нив и Васко Ковачевски

Македонија | пред 1 година

— реклама —
vasko-kovacevski

Потерница и 8 дена притвор за Васко Ковачевски

Македонија | пред 1 година

Vasko-Kovachevski

Обвинителство му одговори на Тошковски: До нас нема известување дека Ковачевски е недостапен

Македонија | пред 1 година

vasko-meri-kovacevski-696x364-1

Бившата до Васко Ковачевски по најавената оставка поради децата: Ти одамна го напушти семејството, филмови рекламирај на друго место!

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања