Македонија

Утре се слави Бадник, а задутре Божик

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово Божик.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. За Бадник во некои краишта во кругот на семејството се крши лепче со паричка и оној кому ќе му се падне паричката, се смета дека ќе биде најсреќен и ќе има бериќетна година.

Одбележувањето на Бадник ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање утре напладне во Скопје и други градови низ земјава, ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“.

На почеток