Скопје

Скопје урива светски рекорди – денес петти најзагаден град

Според податоците на платформата за мерење на загаденост на воздухот „Ај-кју ер“, Скопје и денес е најзагаден град во Европа и петти во светот.

Утрово околу 10 часот и 31 минута, главниот град се искачи веднаш по Лахор, Делхи, Ханои и Чонгкинг.

Со индекс од 165, воздухот во Скопје се нареди во категоријата на „нездрав воздух“, означена со црвена боја.

Најзагадено е во Лисиче, а потоа е кај Ректорат и во Гази Баба.

Веднаш по него, на шестото место во светот е Приштина со индекс од 160.

Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките, чија концентрација е 74,9 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 84,5 микрограми на кубен метар.

Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во Скопје во моментов е 15 пати поголема од годишната вредност.

На почеток