Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Илире Даути од ДУИ, СДСМ излезе од сала

Собранието расправа за интерпелацијата за Илире Даути од ДУИ, поднесена од Левица. Пратениците од СДСМ излегоа од собраниската сала,иако Даути токму нивниот Закон за бранители не го стави на комисиска расправа.

Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно го кочи работењето на Комисијата.

,,Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се случи денеска. Имено вчера се оградија од досегашниот партнер во владата, СДСМ се оградува од ДУИ и вели дека тие се најкорумпираната политичка партија во Македонија, а денеска излегуваат и не сакаат да учествуваат во работата на Собранието и не сакаат да дадат поддршка за интерпелацијата на Илире Даути. А, истовремено пак замислете кој е тој парадокс, законот заради кој Илире Даути заслужено добива интерпелација е поднесен од нив сега откако 7 години беа на власт и не поднесоа закон. Само што паднаа од власт поднесоа вакво законско решение“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

На почеток