Трагедија: Починаа две новороденчиња близначиња
Две новороденчиња, близначиња од 20 дена, го загубија животот под трагични околности.
Како што информира јавниот обвинител Стевчо Биноски, семејството кое живее во многу лоши услови во селото Славеј, вчера околу пладне повикало Итна медицинска помош. Екипата на Итната помош, пристигнувајќи на местото, констатирала смрт кај едното бебе, а второто било пренесено во прилепската болница во критична состојба, каде што подоцна починало.
„Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп”, вели Биноски.
Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.