Македонија

Трајче Заев ги продаде сите акции на Вице Заев во „Герас Цунев“

Братот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, Вице Заев, целосно ги презеде двете струмички компании „Герас Цунев конфекција“ и „Герас Цунев трговија“.

Бизнисменот Трајче Заев му ги продаде сите акции на својот прв братучед Вице Заев, кој сега со неговата компанија ДГИ „Тотал Инженеринг“ стана целосен сопственик на конфекцијата и трговската фирма. Македонска берза ги објави двете решенија на Комисијата за хартии од вредност.
Акциите го чинеа Вице Заев вкупно 165.000 евра.

„Тотал инжинеринг“, на 7 декември лани, им понуди на сите акционери на Герас Цунев Трговија да ги дооткупи нивните преостанати 18.151 акција, по цена од 310 денари за акција. Додека, пак, за Герас Цунев Трговија понудата беше за 18.373 акции, исто така по цена од 310 денари за акција.

На почеток