Македонија

Мицкоски: Апелација докажа дека СДСМ е клеветничка партија

Апелациониот суд досуди во корист на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски против партијата СДСМ за клевета.

СДСМ на својот профил напишала: Антизападниот шпион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски.

Еве што напиша Мицкоски по пресудата на својот ФБ профил:

„Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија.
По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници.
Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат.
Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги ‘испере’“.

Мицкоски ја објави и пресудата.

На почеток